1. ОПШТИ ОДРЕДБИ 

Оваа интернет страница е во сопственост на НЕСТБОКС увоз-извоз ДООЕЛ и е наменета за пребарување и купување на производи и услуги, која можат да ја користат сите правни и физички лица над 18 години.

Со посетата на оваа интернет страница се согласувате и сте обврзани да ги почитувате овие Услови за користење.

Со купување на производи и/или услуги од нашата интернет страница, Вие потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и сте се согласиле да бидете обврзани со овие Услови за онлајн купување и со останатите погоре наведени политики.

НЕСТБОКС увоз-извоз ДООЕЛ не презема никаква одговорност доколку корисникот не ги прочитал овие услови за користење и не ги применува истите.

Овие услови за користење може да се променат во било кое време, без претходно известување.

Во овие услови за користење, под терминот „корисник“ на оваа интернет страница за посетител и купувач се сметаат:

  • Посетител е секое лице кое по пат на електронски уреди пристапува на интернет страницата и ја разгледува понудата на производи и услуги.
  • Купувач е физичко лице над 18 години или правно лице кое преку интернет страницата нарачува и купува производи или услуги
  1. ЦЕНИ И ПЛАЌАЊЕ

НестБокс ги нуди следните можности за плаќање:

  • Плаќање со платежна картичка (од било која банка)

Трансакциите за плаќање се процесираат преку платежен процесинг систем на овластена банка. За сигурноста на направените трансакции за плаќање гарантира овластената банка.

Трансакцијата при наплаќање се пренасочува и се процесира преку Е-commerce терминал од ХалкБанк АД Скопје и во целост ќе биде процесирана од страна на овластено друштво за процесирање на онлајн плаќање.

Откако плаќањето ќе се процесира, ние ќе Ви испратиме потврда/известување преку e-mail.

НестБокс не превзема никаква одговорност за штета која може да му биде нанесена на корисникот и/или на трети лица доколку истата настанала како последица на несоодветно и неовластено користење на електронска платежна картичка,

Доколку плаќањето е извршено без знаење и согласност на сопственикот или доколку е украдена, НестБокс нема обврска да изврши враќање на уплатените средства.

  • Нарачаните производи ви ги праќаме по брза пошта која го гарантира квалитетот и времето на испорака.

Плаќање "Плати на врата". Истото се прави во готово при прием на пратката, при што добивате и испратница за производите.

Пред да се достави пратката доставувачот е должен да Ве исконтактира на дадениот телефон за да Ве извести за доставата и да се договорите за времето на достава на истата.

Времето на достава е 2-3 работни денови, доколку не наведете поинаку.

НестБокс го задржува правото да ги менува цените на неодреден период, без претходно известување. Доставата на проиводите над 2000 денари е бесплатна на целата територија на Р.С.Македонија, за производите под 2000 денари доставата се доплаќа дополнително.

  1. ПОЛИТИКА НА ИСПОРАКА НА ПРОИЗВОДИТЕ

Испораката се врши на местото кое како локација за достава е одредено од страна на корисникот при извршената нарачка.

Корисникот е должен да обезбеди точна адреса и доволно насоки за да може доставата да се изврши од страна на НестБокс.

Во случај на доцнење или недостапност на купувачот, за/со испораката на производите поради вина на корисникот, НестБокс нема обврска да изврши враќање на уплатените средства.

При испорака, лицето кое ја прима нарачката има обврска да ја прегледа истата во присуство на доставувачот на НестБокс.

НестБокс го задржува правото да ги достави производите и по истек на времето предвидено за достава во случаи кога испораката доцни само поради Виша сила. „Настан на виша сила“ значи:

секој настан кој е вон разумна контрола;

  • недостапноста на суровини, делови на производите; и/или
  • прекин на снабудувањето со електрична енергија
  • Индустриски спорови со други лица, државна регулатива, пожари, поплави, катастрофи, граѓански немири, терористички напади или војна.
  1. ПОЛИТИКА ЗА ЗАМЕНА НА ПРОИЗВОДИ

Корисникот има право да го замени производот најдоцна во рок од 5 дена од денот на приемот, под услов истиот да е неискористени, неоштетени и во целосното оригинално пакување доставено од НестБокс вклучувајќи ги амбалажите и безбедносните ознаки.

Трошоците за враќање на производите се товар на корисникот, освен ако се утврдило дека производот е доставен несоодветен или неисправен од страна на НестБокс.

  1. РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИ

Овие услови за користење ќе се раководат и толкуваат во согласност со позитивните законски прописи на Република Северна Македонија.

Секој спор или барање кое може да произлезе од или во врска со услови за користење или во врска со нивното спроведување, страните ќе се обидат да го решат спогодбено.

Во спротивно, надлежен е Основниот граѓански суд Скопје.