Политика за испорака и замена

Нарачаните производи се испорачуваат со приложена испратница, a електронската фактура за извршеното плаќање се испраќа по електронска пошта.

Купените производи се доставуваат до адресата којашто ја навел купувачот како адреса за испорака. Трошоците за испорака на нарачката (доколку ги има) ќе бидат јасно претставени, издвоени и лесно видливи во однос на цената на производот.

Купувачот при прием на пратката треба да ја прегледа истата, да провери дали испорачаното одговара на нарачката и во присуство на доставувачот да утврди дека истата е во добра состојба или пак, во истиот момент треба да се пожали доколку пратката е неисправна.

Купувачот правото за замена може да го оствари во рок од 5 дена сметано од денот на подигање т.е. достава на производот.

За остварување на правото за замена важат следните законски услови:

  • Производот не бил употребуван;
  • Сочувани се: изгледот и фабричките етикети на производот;

При поднесување на барање за замена задолжително се приложува пропратната документација која на потрошувачот му била издаденa заедно со кутијата.

По истекот на рокот од 5 дена од денот на подигање т.е. достава на производот, потрошувачот го губи правото на замена на производ по овој основ.