Политика за приватност
Со оваа Политика за приватност се уредуваат начините на кои се собираат и одржуваат и податоците собрани од посетителите на веб страницата www.Nestbox.com.mk (во понатамошниот текст: Веб страницата).
Оваа Политика за приватност се однесува исклучиво на корисниците на Веб страницата.
Доколку на Веб страницата е содржан линк кој ќе Ве поврзе со други веб страни, ние не преземаме никаква одговорност во однос на заштитата на личните податоци кои ги превземаат тие интернет страни.
Предмет на обработка се податоците за посетителите на веб страницата како и купувачите на производите преку оваа Веб страница (понатаму “корисниците“)
За успешно реализирање на нарачките, неопходно е да ги обработуваме податоците kako:
- име и презиме
- адреса за доставување
- град
- e-mail адреса
- телефонски број
Со помош на споменатите податоци можеме да ги испорачаме саканите производи, како и да ги известиме купувачите за моменталниот статус на нарачката.
Се обврзуваме дека ќе ја чуваме приватноста на сите наши купувачи.
Сите податоци за купувачите/корисниците грижливо се чувани од губење, фалсификување или неавторизиран пристап.
Личните податоци се обработуваат на совесен и транспарентен начин, согласно Законот за заштита на личните податоци.
Личните податоци кои се обработуваат не се споделуваат со трети лица освен кога за тоа постои законска обврска и/или законски основ.
Кога за потребите на испорака на нарачаните производи до купувачите ќе бидат ангажирани овластени субјекти за вршење на поштенски услуги, истите како обработувачи се обврзуваат да обезбедат заштита на личните податоци во процесот на давање на нивните услуги.
Личните податоци кои се обработуваат преку Веб страницата може да се користат за директен маркетинг единствено по предходно дадена согласност од страна на лицата чии податоци се обработуваат.
Политика за колачиња - “Cookies”:
Нашата Веб страница користи колачиња („Cookies“) за подобро корисничко
искуство.
„Cookies“се мали датотеки кои се внесуваат на компјутерот на посетителот од
страна на веб серверот.
Сите информации кои се меморираат во рамките на „Cookies“можат да бидат искористени само за потребите на веб услугата и тоа на начин на кој Вашата приватност нема да биде загрозена. Секој посетител ја има можноста да избере и да го подеси својот пребарувач на интернет да ги одбие колачињата или да јави предупредување секогаш кога ќе се пратат колачиња.
Доколку корисниците ја одберат таа можност, одредени делови од страницата може да не функционираат како што е предвидено.
Колачињата и другите технологии за следење можат да се користат на различни
начини, на пр. со цел да функционира интернет страницата, за анализа на
сообраќајот или за маркетинг цели.