Што е NestBox?
Nestbox е онлајн продавница којашто создава кутии за бебиња кои им
помагаат на родителите и нивните најблиски без двоумење и губење време
да се подготват
за бебето кое е на пат.
Можете да изберете од креираните кутии, да си креирате своја или пак да
купувате производи поединечно.
Дали сите предмети доаѓаат во кутија?
Доколку купувате од категоријата/секцијата Производи, артиклите не доаѓаат во кутија.
Само однапред изработените кутии, како и кутиите набавени преку опцијата
Build-Your-Own доаѓаат во кутија.
Може ли да купам само кутија?
Да, кутијата може да се купи самостојно. Доставата за кутија е бесплатна во
град Скопје, за сите останати градови, доставата се наплаќа.
Од што е направена кутијата?
Кутијата е направена од трослоен картон, со капак исто така од трослоен
картон.
Кои се димензиите на кутијата?
Кутиите се со димензии 370x330x300цм (должина, ширина, висина).
За која возраст се Кутиите?
Производите во кутиите се наменети за новороденчиња и бебиња на
возраст до 0м до 18 м+.Самата кутија служи како боенка, и помага во истражување на
разни животни , учење на форми и димензии, правејќи ја
идеална за сите возрасти.
Дали нудите бесплатна испорака?
Да! Испораката е бесплатна за сите готови кутии.
Доколку креирате сопствена кутија, доставата е бесплатна за кутии над 2000 денари.
Дали испраќате на меѓународно ниво?
Да! Испраќаме до секоја земја, трошоците за меѓународна испорака се наплаќаат засебно и се на товар на купувачот.
Кои мерки на претпазливост за COVID-19 ги презема NestBox?
Ги преземаме сите препорачани мерки на претпазливост, вклучително користење на маски и ракавици при ракување со кутиите.